#OccupyWallStreet како движење со отворен код
‘Окупирај го Скопје‘ – Обединети за #ГлобалниПромени е јавен настан кој е дел од глобалната акција оригинално насловена Occupy Wall Street. Тука пренесувам дел од јавниот повик:
Слободата денес е во голема мера одземена од обичниот човек, и ни се пушта полека како низ цевче само кога сме лути. Парите ја имаат окупирано политиката во денешниот глобален систем. А таков систем, кој се базира на постоењето на оние кои имаат и оние кои немаат, неизбежно води до ситуација каде тие што имаат наоѓаат начин да владеат, дали со меч или со долар.
Ние треба да си ја вратиме слободата која ни беше украдена – во целост да ја вратиме.
Доколку сакате да се вклучите во градење на првото Генерално Собрание на ‘Окупирајме го Скопје‘ дојдете на 15 Октомври кај Бик-от на ул. Македонија.
Собранието има за цел да биде отворен, партиципативен и хоризонтално организиран процес преку кој се гради капацитет да се конституираме во јавноста, како автономни колективни сили во и против постојаната криза на нашето време.
Што е #occupywallstreet? Occupy Wall Street is leaderless resistance movement with people of many colors, genders and political persuasions. The one thing we all have in common is that We Are The 99% that will no longer tolerate the greed and corruption of the 1%. We are using the revolutionary Arab Spring tactic to achieve our ends and encourage the use of nonviolence to maximize the safety of all participants.

По ова кратко запознавање топло го препорачувам блог записот на ерудитот Караџа Бошко, Окупацијата и радикалните политики. Во оваа прилика да извлечам неколку реда и ќе го болдирам мојот омилен пасус од оваа вонредна блог статија:
Без промисла нема хуманизам. Доктрините, утопиите, политичките агенди, поставките за новиот политички свет се разногласни. Овие протести, барем до сега, немаат еднообразна стратегија. Нивниот порив е радикален, но неодредлив (разногласлив) во техничка и практичка смисла. На протестите има низа идеолошки крила и стојалишта: традиционални левичари, екстремини левичари, маоисти, демократски социјалисти, комунисти, демократи, синдикалисти, анархисти, либерали, постлефтисти, мултукултуралисти, афро-американски активисти за расни права и социјална правда на црнечкото население, антимонетаристи, антиглобалисти, неокејзијанци и мн. други групи. Нивните конзистентни внатре идеолошки и идејни програми остро се разликуваат, но ги обединува идејата дека ПРОМЕНА е потребна.
Овие протести го имаат тој проблем, како прв проблем: – идеолошка сообразба на идејните дивергенциите и артикулација на политичкиот плурал
Вториот проблем е омасовувањето. Последниот проглас за светска револуција и повик кон глобален бунт за поправеден свет е со таа цел. Но поддршката зависи од политичките техники на реорганизација на капиталот кои ги предлагат протестантите. Но таму нема едногласност, дел од нив се за одземање на можноста Федералната Банка на Резерви да биде приватен сопственик, а државата да ги преземе ингеренциите во финасискиот сектор и со ригидни пропорционални даночнни политики да обезбеди социјални рансфери на јавното добро. Дел од протестантите се залагаат за комплетна редиструбуција преку етатизам со оземање на сопственоста и капиталот и укинување на приватната сопственост. Дел се залагаат само за регулирање на социјалните фондовите. А дел за укинување на спекулативните банкарски инструменти при тргувањето со кредити. Дел се за забрана на корпорациите да ги селат работните места во земји со ефтина работна сила. Итн.
Значи, технички нивните барања за подабар и поправеден политички свет се разногласни.
Трет проблем ќе биде односот помеѓу насилството и политичкиот активизам. А тоа ќе зависи од чекорот до каде протестантите ќе одат во радикализацијата и како ќе реагираат носителите на инструментот на сила (полицијата и војската). Не случајно, Мајкал Мур нагласува на јавните настапи дека полицијата ги подржува бидејќи нивните пензиски и здравствени фондови биле намалени и и дел проголтани од спекулативните инвестициони банкарски трансакции и дека економското тонење надолу го чувствуваат и тие сосема непосредно како и другите граѓани.
Ние, кој искусивме во историска практика етатизми, редистрибуции, неправди при трансформации на капиталот, козомори и сл. економски решенија за радикални превредувања треба да нудиме промисла, техники за релизација на подобар свет, а не автоеротичко себезалажување дека доволно е само да ја следиме Тетката експерт и прогласите на Пролтерите од пичвајз.

И да прејдам на темата, а тоа е теоретската поставка на движењата (протестите) со отворен код (open source protest). За таа цел обилно ќе го користам како извор John Robb со блогот Global Guerrillas. Џон Роб вака ги срочува основните правила на протестот со отворен код:
- A promise. A simple goal/idea that nearly everyone can get behind. Adbusters did pretty good with “occupy wall street.” Why? Nearly everyone hates the pervasive corruption of banks and Wall Street. It’s an easy target.
- A plausible promise. Prove that the promise can work. They did. They actually occupied Wall Street and set up camp. They then got the message out.
- A big tent and an open invitation. It doesn’t matter what your reason for protesting is as long as you hate/dislike Wall Street. The big tent is already in place (notice the diversity of the signage). Saw something similar from the Tea Party before it was mainstreamed/diminished.
- Let everyone innovate. Don’t create a leadership group. The general assembly approach appears to work.
- Support anyone in a leadership role that either a) grows the movement or b) advances the movement closer to its goal. Oppose (ignore) anybody that proposes a larger, more complex agenda or those that claim ownership over the movement.
- If a new technique works, document it, use it again, and share it with everyone else. Copy everything that works.
- Spread the word of the movement as widely as possible.

Протестот со отворен код е организациона техника. Веројатно е единствената можна техника која има шанси за успех во денешните повеќеслојни условија на општествено-политичкиот амбиент. Интересното е што шареноликата структура на движењето воопшто не претставува недостаток за масовноста на движењето, напротив. Она каде се кршат перцепционите копја и каде лежи генералната дилема е во она што следува, преку идентификуваниот прв проблем кај Караџа - идеолошка сообразба на идејните дивергенциите и артикулација на политичкиот плурал. Во барањето на одговорот на овој „проблем“ можеби ќе уклопи една мисла на Маршал Меклухан – Медиумот е пораката. Во генерално постидеолошки свет каде е фатално начната последната функционална идеологија во лицето на капитализмот тешко дека скоро ќе се изнедри конвергентна мас делувачка идеологија. Засега ќе биде доволна паролата – Движењето е пораката.
Учинокот и опциите за коренита социјална трансформација, што априори не подразбира правичност, ќе дојдат со обрушувањето на поединечните системски елементи кои се под налет на движењата со отворен код. Изборот на метата, Wall Street е во нејзиниот центар, го покажува црното јадро во ликот на финансиска и корпоративна Америка каде политичкиот систем се издвојува како подреден сегмент на корпоративната моќ. Затоа на зачудува што, меѓудругите, Рик Фалквинге, еден од оснивачите на шведката Пиратска Партија, бара одвојување на државата и корпорацијата. Згодно анегдотно да забележам дека Мусолини токму така го дефинира фашизмот, како спојување на државата и корпорациите.

Протестите со отворен код се погонувани од широкото народно незадоволство. Тоа не се фокусира во понудата на готови системски решенија, иако имаме жива демократска лабараторија и дискусии на лице место. Наместо тоа се фокусира на едноставна цел или идеа зад која може да застане голем дел од граѓанството, 99%. Со тоа ги става на јавен увид дефектите на системот и го предизвикува системот на реакција. Во одредена точка системот мора да реагира на протестите. Ненасилството од страна на протестантите и/или насилството од страна на ситемот само ја засилува динамиката на позитивната спрега провокација/реакција со која системот се саморазобличува како ненароден и ја засилува јавната подршка за протестантите. Оваа динамика беше лесно воочлива во случајот на египетските протести. Илустративен е примерот на МСМедиумите кои во случајот со арапските протести уште од самиот почеток имаа целодневно покривање додека во случајот со OWS на почетокот целосно го игнорираа настанот, за потоа да го оцрнуваат и да се подбиваат, за да дојдеме до актуелниве амбивалентни и повремени покривања на настанот без воочување на неговиот потенцијал и без суштина. Тоа што неодамна Сорос ќе изјави дека има симпатии за движењето, и што Обама ќе искаже разбирање за мотивите на протестантите, само отвара едно друго прашање за кооптирање на самото движење, но за тоа во друга прилика.
Сликите со кои е илустриран записот се превземени од @williambanzai7


октомври 14th, 2011 at 11:34 am
bi te chitala ama strashen losh font ima blogov ….
ne znam dali voopshto nekoj te chita ili samo mene mi prechi…
kako ideja prvzemi neshto okolu toa…
pozz
октомври 14th, 2011 at 12:31 pm
Во право си за тешкотиите со читањето. Набрзина ќе погледам да уфрлам некој нов изглед на блог, од готовите. Ако некој има препорака, слободно нафрлете, само главното тело на текстот да има 500-700 пиксели, со странични 150-200, инаку ќе ми се наруши досега поставеното и пишаното
октомври 14th, 2011 at 8:32 pm
Џаман,
прониклива перпектива е уверувањето кое го делиш дека отворениот код на протестите (идејните дивергенции) е негов организациски квалитет. Ме натера да преиспитам некои мои вкоренети стојалишта.
Меѓутоа, знаеш, имам чувство дека е време превреднувањето, па и левото, да реши дали ќе излезе од Фукојамовата стапица. Затоа, сакав технички решена политичка агенда за превреднување. Имаме ли капацитет за политички новум? На пример сакам повеќе технички развиени пол. понуди како онаа на авторите на Zeitgeist, или идеите на Хајек за безданочно устројство на каталексија и др.
Мислиш дека со кооптациска преадаптација ќе го неутралиираат протестот!? Мислиш како што се справија со хип хопот во 80 десетите – од социјална авнгарда и политички бунт го кооптираа во мајнстрим спектакал на тривии!?
октомври 14th, 2011 at 9:20 pm
[ На 15ти Октомври луѓе ширум светот ќе ги завземат улиците и плоштадите од Азија до Африкa...]
октомври 14th, 2011 at 11:39 pm
Еј Караџа!
Незадоволството е тука за да остане. Работни места, плати, социјална и здравствена заштита, сето тоа полека е/се нагризува, така да погонското гориво во вид на незодоволници и активисти нема да недостасува за ова и некои следни движења. Она што мене ми е интересно за проследување е организациониот дел (отворениот код – на повеќе места сум го слушнал ставот дека протестот е open-end), кој мислам е поклучен отколку голите бројки на протестанти. Би додал уште еден клуч, уверен сум дека во наредниот период финансиската криза ќе прогресира, што директно погонот на незадоволство ќе го појача до турбо дизел инџекшн
За исходот на протестот многу ќе зависи кога ќе налета второто фин-економско цунами и во каква состојба и кондиција ќе го пречека самото движење OWS. Обиди за кооптирање секако има и ќе има. Во моментот не гледам дека движењето е кооптирано, кртови има ваму-таму, но гледам дека и активистите се свесни за тоа, како и за намерите за кооптирање. Намерите се воглавно насочени, извлечено од наративните елементи што се врткаат по МСМ, да се претвори во пандан на десничарската чајанка, фул ситем сервис за чај. Меѓутоа за разлика од десната оправдана општ. реакција мислам дека потешко ќе оди оваа операција на кратење на ушите, шминка и ланец за левичарските шарени пудли. Генерално, десно изградените граѓански перцепции при прокажана виталност и потреба за движење се полесни за кооптирање заради вертикалата на верување, семејство – патрија – Бог. И генерално условијата се уште се салонски, иако има пар скршени прозори од каде фура системски провев. Накратко, така некако ми врви мислата околу протестот.
Второто прашање за тех. спстрена политичка агенда, нејзино превреднување и способноста за новум далеку е подлабоко, вади контексти и релации. Потешко е. Еден твит-коментар ми се присвиде – Step 1: Take the streets and express your opinion. Step 3: Change the world. What is step 2? – каде вниманието е на вториот чекор, но одговорот е во конкретизирањето и осмислениот новум во чекорот 3.
Можеби Фукујама превртен на глевечки нуди неков покренувачки одговор. Да, ќе имаме крај на либералната демократија каква што ја познаваме, крај на капитализмот и крај на американската глобална доминација каква ја познаваме, и со тоа живописна историја која ги чека своите победници/преживеани за да ја запишат. Јас лично би ја поттурнал работата понатаму, до преиспитување на митологијата на која почиваат современите општества и цивилизација.
—
Зорив фала за линкот, можеби ќе наминам, којзнае можеби и да се вклучам, така си мислам дека имам што да кажам, онака за голицкање две работи – „окупација“ е збор со лоша конотација кај нашиот човек, и второ, се запоседнува некоја ситемски најтрула крупна мета, не улицата „Македонија.“
октомври 15th, 2011 at 10:52 am
Се слагам за ужасно лоша одбраната мета. Симболички, револтот треба да биде сосредоточен кај оној симболички репрезент и условител на раслојувањето во Македонија. А најтрула крупна мета, како симболички репрезент, е УКИМ. (Од Ректорот етатист до синот трансформативист)