Коментар за Стопанска сосе Бишев за Канал 5

Малку да ја прокоментирам веста околу купопродажбата на 21% од акциите на Стопанска Банка, потоа и малку околу самата купопродажба. Веста кратко ја пренсоа Вол Стрит Журнал, Фајненшл Тајмс и Ројтерс.  Без разлика колку е таа спорадична во економските рубрики и минорна за светските информациони текови, за домашни услови би требало да биде најмалку ударна економска вест. Дали е тоа така говорат електронските насловници на Утрински, Дневник, и А1 каде треба да ја побарате, пребарате за да ја најдете, или воопшто да не ја пронајдете, оваа вест. Коментар, анализа, став, прашања???? Во таа насока илустративен е примерот со Учебникарските Патрдии каде Он.нет држи школски час по новинарство за, не за петто, туку за прво одделение.

Но да се вратам на темата преку донесеното обраќање на Бишев за Канал 5 :

Генералниот директор Глигор Бишев за Канал 5 изјави, една од улогите на ИФЦ и ЕБОР беше заедно со Националната банка на Грција пред десет години да ја подржи приватизацијата во земја во транзиција како што беше случајот кај нас. Затоа во 2000-та влегоа заедно трите финансиски институции како акционери во македонската банка. Сега по 10 години ИФЦ и ЕБОР оцениле дека ја завршиле својата улога во Стопанска.

- Банката е доволно јака за да може сама да продолжи, вели Бишев.

Самиот факт што Националната банка на Грција плати три пати поголема цена од номиналната значи дека се работи за добра банка, тврди директорот. Посочува дека Стопанска располага со сигурен сопствен капитал. Има 18 проценти адекватност на капиталот, што значи дека сопствените средства се многу повисоки и можат да апсорбираат големи ризици. Иако политиката на банката засега е да работи со умерен ризик. Бишев посочува дека со оваа трансакција нема простор да се поставува под знак прашање стабилноста на Стопанска бидејќи акционерот – Националната банка на Грција располага со 125 милијарди евра капитал, распространеа по неколку држави на Балканот.

Дополнително Стопанска банка е инкорпорирана во Македонија и капиталот не може да се повлекува бидејќи акциите немаат датум на доспевање, туку се со важност на недоредено време, тврди директорот Бишев.

Значи, прво, изјавата на Бишев дека банката е “доволно јака“ е стандардна банкарска изјава за влевање на доверба кај јавноста која со одредени варијации и специфики вообичаено се дава во вакви прилики. Таа нималку не зависи од она што истински се случува зад кулисите. Било банката да банкротира за два дена, било да претстои најуспешната година во нејзиното постоење, изјавата ќе го содржи елементот на пумпање на генерална доберба кај јавноста и кај деловните соработници.

Потоа фактот што банката платила три пати повисока цена по акција од номиналната не значи дека се работи за добра банка, туку пред се значи дека имаме две класи на акционери. Класа А која добива 574 денари за акција во блок трансакција и класа Б која добива помалку од 200 денари за акција. Нека ме поправи некој доколку грешам, но единечната акција на Трпе и единечната акција на ЕБРД се исти, освен што едната поминала низ блок трансакција и била дел од некаков незнаен и јавно необјавен стратешки договор, а другата не. Правно и низ регулатива тоа можеби проаѓа, ценовната дискрепанца поминува и кај новинарот на Канал 5 без никакви дополнителни прашања, но не поминува и самооценката на Бишев за “добра банка“.

Бишев говори и за “една од улогите“ на ЕБРД и ИФЦ како причина за нивното мрсно наградено повлекување од акционерството во Стопанска Банка. Интересно, не говори за драстично намалената квартална добивка на добрата банка. Не говори за светската финансиска криза која допрва ќе го има своето крешчендо. Не говори за профити и дивиденда. И не говори за можноста дека Националаната Банка на Грција имала сопствена “една од улогите“, со оглед на тоа дека е на фиромска територија, нели, кога веќе тој причнско оправдувачки не гледа низ чисто профитните и финасиски очила.

Но еве, да одработам и јас за двојче. Точно, NBG е најголема грчка банка и воедно најраспростанета банка по Балканот. Баш ме интересира, кога веќе е толку добра и доволно јака банка, и како најголема грчка банка, која е причината и учеството на NBG за ова огромно користење на repo facility од милијарди евра од Европската Централна Банка, нели доколку Народната банка на Грција е таму добро присламчена.

5 Responses to “Коментар за Стопанска сосе Бишев за Канал 5”

  1.    virial Says:

    Џ, озбилно треба да те стават на платен список барем некои од страдниве телевизии во Македонијата. Бишето само го галат, а тој си лихвари низ државата. Прав лепотан. Продававме шо продававме фабрики, се и сешто, и тоа шо треба и шо никако не треба, па се оттарасивме и од банките, го дадовме мозокот под кирија и сериозни веруваме дека е добро за националните интереси финансиите да ни ги контролира земјата која да може уште утре со војска би влегла во Македонија. Ама нема врска нели, оти државата и банките се одделени, ич тие не се во „дослух“. Да, може во Македонија и не се ;)

  2.    Џаман Says:

    ха, Вириал, глеаш, ти си првиот што прокоментира на овој запис .. значи, слаба читаност, пријателе .. а кој ќе плати за малку читатели, дури ако некој оцени дека вреди напишаното, поарно ќе ме плати и ангажира за консултант, отколку за медиумска труба ..

    .. интервјуто со Бишев е класично нарачен текст, пренесен став и тоналитет на нарачателот .. но ако интервјуто, инфото, за новинарот/арката од Канал 5 е нарачка, зошто отсаствуваат останатите новинари со пот_прашања, анализа, било што .. што упатува на две дедуктивни можности, или сите се платени, или имаме економски-финансиски новинари кои се табула-раса за оваа област .. и бидејќи првото безмалку невозможно, плус самите новинари се жалат на својот материјален статус, нередовни и мали плати, непријавени, останува да доминира втората причина, со тоа што по се изгледа има стотина новинари, уредници, кои се пристојно платени, да не кажеме види како се Џип-а Латас, или види колкаво му е сал(д)ото на Геро, ако моеш да пристапиш до таа информација крај банкарската загарантирана приватност, тајна на јавните службеници, или оние кои работат со јавноста ..

  3.    virial Says:

    Има и друга опција а тоа е автоензура која е присутна кај новинарите, за да не ги обвинат дека поставуваат незгодни прашања. Менталитет, шо ќе правиш. Само не ми е јасно друго. Ако веќе Бишев & co. се прават на три и пол, демек тие се приватници и не мешаат национален интерес со бизнис, камо е Гошев да делува и со инструменти да ги потстегне да пуштат некоја пара во стопанство. Се ми се чини дека сите тие си прават тајни журки заедно со многу прасечко, винце, кока и малолетнички. А кој нема работа, нека штрака по блогерај :D

  4.    Џаман Says:

    хаха, нели, кој ни е крив кога не сме по прасечко, винце, кока и малолетнички :) .. вака паметни дечки ко нас сеа ќе правеа нешо да седнат и тие на таа богата трпеза, изглеа малолетнички ме имаат заебано, барем у мојот случај :) .. шо да праам коа зад женската курватура сакам да има нешто плус, шо неиде со минус години :)

  5.    virial Says:

    „…плус, шо неиде со минус години.“ – priceless :D

Напишете коментар

You must be logged in to post a comment.