Да немаше локален интернет ..
Се јавувам на повикот од Арвена. Радо. Ама не одеше глатко отповикот. Одиме на темата .. првпат видов и кликнав интернет – броузер , што знам, некаде кога бев апсолвент, кога дипломирав .. далечната 1995 година. Одев кај едно другарче дома затоа што имаше некоја зделка со УНет и со тоа неограничен пристап на интернет .. кафе пиевме дур се учитаат пар поголеми слики и пак не беше сигурно затоа што можеше да искокне конекцијата
Ама радости беа! Тогаш првпат купив и компјутер, 486ка, се со намера да ја подготвам сам дипломската .. за куцање и штампање дипломска земаа колку за пола компјутер, кај понесигурните третина од цената на компјутерот .. богами тогаш стандард 486ка идеше накај 1200 марки.
Но тоа е историја, онака згодна за на маса муабет .. можеби ниту за тоа. Но тука е вовед
.. Воведот е добар да видиме што ќе беше ако немаше воопшто интернет. Малку поинаква е ситуацијата лично јас “да немаВ интернет“ додека останатите имаат, но таа оди во персоналниот домен и нема да биде предмет на блог муабетов.
Моите почетоци се горе-долу врсници со почетоците на интернетот во Македонија, као компетентен сум
Иако нередовен отпочеток, некаде по 2003та сум дефинитивно онлајн. И тоа што можам да го кажам е – Да немаше интернет ќе имаше нешто друго. Кога го вртам филмот наназад и правам споредба, дефинитивно, подобрувањето во локалната комуникацијата, ако воопшто постои такво нешто, не ја припишувам како придобивка од интернетот. Оваа локална комунакација си функционираше прилично добро и без интернет .. концерти, другари, телефон, муабет уста-на-уста, сето тоа си ја вршеше функцијата на комуникација и информирање. Дури сум склон да тврдам дека со интернетот локалната комуникација има изгубено во квалитет на содржина, бришам некои си сентимантални вредности како репер. Ако ги додавам нив, отиде муабетот
Сосема спротивно ценам за комуникациите на далечина. Значи се она што е локално, до 20-30 километри, каде можеш да појдеш со точак, локален сообраќај, па ако сакате и пеш, таму сметам дека интернетот нема донесено придобивки, сосем спротивно. Додека она што е подалеку од тие 30 километри, дефинитивно е огромна придобивката. Паметам токму пред самите почетоци на интернетот како пуштав преку 50 писма со CV за работа на некои платформи и бродови, една цела листа препорачани адреси. Сето тоа траеше со месеци и месеци. Само како надоплнување да споменам дека информациите до кои имам пристап како обичен граѓанин и без филтер на локалните или домашните медиуми, е тоа е ептен вредна работа. Не одам подалеку, придобивките се несомнени.
Отворив муабет за овој аспект од интернетот што ми се чини вреден за муабетење, накратко. За другите ќе се информирам локално, но подраго ќе ми биде кафе да се напиеме










март 13th, 2010 at 8:56 pm
Ете, и јас сметам дека локално-со интернетот само изгубивме.
Зошто, ако ми е другарката на 20 минути со автобус, не се ни качувам во него, туку и велам-ке се најдеме на Skype.
Сепак, ми помогна, да најдам солидна работа, да си ја опремам библиотеката со преку пола милион книги
Ми помогна да ги имам пријателите во странство тука, за секоја моја радост и тага, ми помогна да блогирам.
Може една слична тема-што без блог?