Сара пали(н), Никола жари, Сорос рефлектира
По долгомесечната исцрпувачка внатрешна битка во таборот на демократите, помеѓу Обама и Клинтон, заедно со провокативните (пол.и.) прашања, дали жена или обоен се добитниот тикет-кандидати за претседателската трка, наеднаш сите рефлектори се насочени кон “питбулот со кармин“ – 44 годишната гувернерка од Аљаска, Сара Палин. По очигледната импотентност на дедото МекКејн да го привлече вниманието на јавноста и дефанзивата наспроти Обамаманијата, атрибутите на хокеј-мајка со пет деца, наскоро баба која го бакнува зетот, ловец на лосови, пуцачица, баракуда, еден фин балансиран имиџ на грижливата и мајката борец, ја пумпаат Палинманијата ко што се пумпаат понзи економските балони ширум светот. Политичките консеквенци изразени преку анкетите се од – 4% дефицит тимот на МекКејн води со +5% во однос на тимот Обама, со главен придонес во свртувањето од 20% кај жените гласачи.
Со слоганите “Бог, пиштол, кармин“, “Најладна држава, најврел гувернер“ и “Читај ми од црвилото – Палин“, никој од гласачите не останува рамнодушен. Овациите од салата се пренесуваат до најзафрлената американска селска кафеана, каде локалните rednecks до вчера ќа исфрлеа секого наглавечки од кафеаната само ако спомнеше дека ќе гласа за жена. Сечилото и женските цицки се длабоко вкоренети во американската почва и психа, и на друго место.

Од секоја манија може да се направи профит, некој се досетил, та на пазарот понудил кукла. Којзнае, можеби цариникот од аеродромот “Александар Велики“ само ќе се насмевнел доколку ја видел Палин-куклата во куферот на Груевски, не сомневајќи се какво политичко жарче претставува неугледната кукличка скриена помеѓу неколкуте рала валкани гаќи. А можеби некој од тимот на Груевски неформално и пријателски купил нешто од вториот ешалон на политичкиот стратег Карл Роув, мастермајндот на двете Бушови изборни победи, кој и сега најверојатно е “извалкан“ до лакти од политичкото породување на гувернерот Палин во потпреседателски кандидат на републиканците. Ма тоа и не е важно за некој, особено за оние со интелектуален суфицит и паричен дефицит, кога при прошетка по улица случајно ќе ја здогледа насловницата на Фокус – Премиерот верува дека е Алексанадар Велики НА 21 ВЕК. Секако дека ќе опрчи 100 денари за весник и пакла цигари, фифти-фифти.
И го гледам Николче Младенов како се мачи, љубоморно се обидува да го покрие маркетиншкиот недостаток, со продавањето на вистината за Груевски. Објаснува ли објаснува, шармира со вицеви и останати фини стилски фигури, за тоа како немало доволно непровокативен историско-митски јунак во поблиското ни минато та Груевски го зел Александар со најповолната и неопходна дистанца за сите нас да не заштити и покрие под неговиот непробоен штит со сонцето од Кутлеш. Ало, добро утро! На кого му го продаваш неделникот, Николче? Оние, налик мене, веќе го знаат понуденото од весникот и се закачени на интернет. Оние кои не го укапирале тоа до сега или не можат да го укапираат, не им е гајле или се верни митолошки потрошувачи. Ако ми требаат вицеви или стилски фигури ќе си купам вицотека или ќе одам на балет. А можеби продажбата е наменета за она тенко опозицоно настроено 9% граѓанство обично претстваено преку пензионери – екс YU и MKD пензии. Можеби на либерално интелектуална елита закатанчена по невладини и владини канцеларии кои ионака го добиваат весникот по службена должност. Или купци се заколнатите СДСМ-овци кои со една рака мастурбираат над Фокус, а со другата цртаат рецки уште колку денови има до падот на црни Грујо.

И кога сме кај “прогресивните либерали“, онаа наконтена интелектуала, со загарантиран медиумски, системски и паричен пристап, каде имиџот се кали и калапи. Тие несомнено заслужуваат праграф ил два. Покрај незабележливите прогресивци генерално именувани како семинар-проект работници со задоволителна и видлива материјална удобност за невработениот завидлив локалец, постои и таканаречена елита, оние најистурените што бодат очи по медиумите. Тие се воглаво задолжени за идејните форми и нарации на општествено-политичките концепти и творби. Генерализираниот конзервативен патриот милува да ги нарекува “соросоиди“, и обратното, “убер патриоти“. Како и чоекот така и групите сакаат да се именуваат меѓусебно. Кумството е секогаш од милост, проблематични се насоките, па нема потреба од бегство од веќе воспоставената терминологија.
Значи, сосросоидите моментално пиздат од убер патриотите. Фрчат од фрустрација и никако не можат да ги поднесат убер патриотите. Ситуацијата по малку ме потсетува на ферка меѓу група јапи банкарчиња и селски р`мпајлии од пред кооперација. Не помагаат тука томовите книги магично трансформирани во шипки за млатење на попречениот пат од р`мпајлиите со постојан дотур на лозова и кебапи. Сосема за очекување е дека брокерот Груевски предвидел една сосема ситна ставка во издашниот буџет за лозова и кебапи. Ситнеж наспроти скапо платените интелектуални мерцедеси. Не иде, и не иде. Опаѓачката толерантност кај сосросоидите се забележува и во нивото на спуштениот речник, во физичките гегови, во жестокоста, кои дополнително се контрапродуктивни со се појасното соголување во разликате меѓу проповеданото и правеното. Во Македонија како мала земја ликовите на интелектуалата и банкарите одамна се мешаат со ликовите на телохранителите и селските р`мпајлии. Последици од стеснетиот простор.
Што е причината за оваа состојба? Толку ли се сосросоидите тапа? Толку ли се убер патриотите витално јаки?
Одговорот да го побараме во најновата книга на Џорџ Сорос, The New Paradigm for Financial Markets: The Credit Crash of 2008 and What It Means, лично и персонално. Колку и да ви изгледа чудно, се чини дека сосросоидите или не ја прочитале книгата на својот мецена или пак не ја разбрале. Додуша и јас не сум ја прочитал ама сум фатил пар рецензии – доволно за (за)(из)несување на поентите и концептите во една блог мешаница која си дозволува да дели ум, лево и десно. Како беше онаа, блог ми е, двор ми е. И ми се може.
Од поперовото отворено општество како извориште на идеите во писанијата на Сорос во новата книга фокусот е на рефлексивноста (reflexivity) видена кај финансиските пазари. Накратко, концептот на рефлексивноста кажува дека индивидуалните инклинации на индивидуалните играчи на пазарот потенцијално ги менуваат фундаментите на она `идеално` пазарно функционирање. Или погрешните перцепции на економските учесници на едно место може да доведат до реални перцепции за економските показатели на друго место со што се прави засилувачка повратна врска која доведува до финансиски балон кој неизбежно ќе дојде до состојба на нестабилност поради фаличноста на почетната перцепција. Ова објаснување може да биде примамлива интелектуална мамка за понекој финансиски сом, иако рака на срце во себе вклучува достаточно интересни поставки и разработки од кој има што да се научи. Но додека Сорос, човекот што ја скрши британската фунта, во финансискиот дел ќе се држи за концептот на рефлексивноста, во општествените размисли тој говори за фалинката на отвореното општество дефинирана како “постмодрен идиом“. Вака ја објаснува фалинката, “Политичкиот дискурс не е задолжително насочен во потрага по вистината. Му верував на Попер и ги направив тие грешки поради нашата преокупација со потрага по вистината. За среќа, овие грешки не се фатални затоа што основата за критичкото мислење останува нечепната и овие грешки може да се поправат. Треба да се признаат разликите помеѓу природните и општествените науки.“ и следното “Постмодерниот однос кон реалноста е многу поопасен. И додека тој открадна добро парче од Просветленоста со откритието дека реалноста може да се манипулира, тој не ја признава потрагата по вистината како неопходност. Последователно, тоа овозможува манипулацијата на реалноста да остане неспречена. Зошто е тоа опасно? Затоа што во отсаство на соодветно разбирање резултатите од манипулацијата може да бидат радикално различни од очекуваното.“
Како што е познато, Џорџ Сорос е огорчен противник на американските неоконзервативци и подржувач на демократите. Класичен е примерот, што го истакнува и Сорос, за радикално различните последици добиени со инвазијата на Ирак со погрешно прокламираните почетни премиси. Интересно е што два дена по говорот на Сара Палин на републиканската конвенција на контото од кампањата на Обама веднаш пристигнале донации од десет милиони долари. Можеби и Сорос уплатил нешто дополнително. Тоа говори за жестокоста во политичките изборни битки, меѓу елитите на светската моќ, но секако и за виталноста на изборниот концепт воспоставен од Роув со ненајдениот пресврт. Да проследиме нешто посредно од Ron Suskind што под велот на анонимноста покажува кон Карл Роув: “Советникот кажа дека луѓе како мене се во `кампот засновуван на реалноста`, кои тој ги дефинираше како `оние кои веруваат дека решенијата произлегуваат од солидно студирање на перцепираната реалност.` Јас климав и мумлав нешто околу просветителските принципи и емпирицизмот. Тој ме пресече. “Тоа повеќе не е начинот на кој функционира светот,“ и продолжи. “Ние сме сега империја, и кога дејствуваме, ние ја креираме сопствената реалност. И додека ти ја проучуваш реалноста ние ќе дејствуваме повторно, креирајќи некои нови реалности, кои ти можеш исто така да ги проучуваш, и на тој начин ќе се одвиваат работите. Ние сме креатори на историјата .. а ти, сите вие, ќе останете да проучувате што ние правиме.““
Сепак, да не застанеме тука и покрај интелектуалната соросова заводливост и роуовата брутална реалполитик филозофија, се работи за два концепти во употребата на манипулацијата. Првиот, оној на Сорос и на домашните соросоиди, повеќе се потпира на рационализација и интелектуални објаснувања при употребата на манипулацијата која неизбежно во помал дел задира до длабочините на рептилниот ум, и вториот, оној на неоконзервативците и домашните убер патриоти, кој директно и без пардон оди до рептилното со рационализацијата повеќе како парадигматска одбрана од првите. Не вреди да се прави категоризација на злото или да се трага по динамиката на последиците предизвикана од двата концепта на манипулација. Во суштина ниту една страна нема намера да се откаже од манипулацијата. Политичката шизофренија и цинизам немаат граници. Вредно е да се каже дека во моментот дејствувачката предност е на страна на неоконзерватизмот кој се потпира на подлабокиот пристап во политичкиот невромаркетинг.
Погледнато низ оваа призма, политичките битки на домашен терен се одвиваат во две одделни рамнини. Повлечените паралели покажуваат дека опозицијата воопшто не ги осознала ниту базичните елементи во засебните рамнини. Истото важи за Фокус каде на времето имаше одлични насловници со карикатури и луциден стрип. Поместувачката реалност создадена со високо подигнатиот штит од Александар Македонски ќе изискува поместувачки одговори кои малку кој во моментот ги има на лагер. Ајде нека се јави јунакот кој може да го победи големиот Александар со неговата фаланга составена од олигархиска коњица и партиски војници како пешадија?! Нема потреба од таква битка. Можеби спасот во оваа изместена митско-историска димензија со превртено време ќе се бара во Филип II, вистинскиот македонски обединител, рака под рака со неговата жена Олимпија – женски политички лик со фризура ала Тимошенко, бујни гради и неодолив шарм за рурална Македонија, која ќе може да го абортира Александар.
Во очекување на цицките од Олимпија стојам со кренато оружје и радосно го кажувам следното – Грујо мајсторе, секоја ти чест! .. набаци навака десетка со кромид и бинлаче црвено вино .. не сум по лозовата .. они ќе се тепале со Александар .. аматери, шо ги глеам смешни .. кој да мисли дали утре ќе не боли глава од пијанството .. еднаш се живее ..
Со Господ напред!










септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Фино Џаман, би вметнал краток коментар:
“KAKO ЛИБЕРАЛНИТЕ КОМУНИСТИ НА 21 ВЕК. СЕ ПЕНЗИОНИРААТ” – нека тече Дисперзија веќе кога ме инспирира со постот Џамане
Кој се либералните комунисти на 21.век? Bill Gates и George Soros, раководството на Google, IBM, Intel, eBay. Другарчињава викаат – правите конзервативци не се само на страната на десницата, со нивната смешна вера во авторитетите, ред и патриотизам, ами и старата левица, со нивната војна против Капитализмот: двете ја бијат својат битка во пркос’т на правта и вистинита реалност.
Бивши Хакери кој се уловени преку лоповлук во големите фирми, работат во полно и долго работно време, уживаат во бесплатни пијачки и уживаат во зелената природа. Експлицитна идеа овде е што Gates е субверзивен маргинален хулиган, бивши хакер, кој ја преземал работата, се облекол во одело и ја презел претседателската функција.
Либералите имаат егзекутивна природа да го враќаат такмичарскиот дух, или во превод: ”лешпери” кој ги презеле големите компании. Нивната догма е јасна: пазарот и социјалната одговорност не се спротивни, векје можат да бидат соединети во меѓусебна корист.
Oliver Malnut пред извесно време ја скицирал работата на либералните комунисти:
1. Кје даваш се бесплатно (бесплатен пристп без копирајт) ; наплаќај само додатни услуги – тоа кје те направи богат човек.
2. Кје го промениш светот, нема само да продаваш ствари.
3. Кје се двоиш од другите, кје бидеш свесен за социјалната одговорност.
4. Кје бидеш креативен: кје се посветиш на новиот дизајн, новите технологии и науки.
5. Нема да работиш: немој да имаш фиксна работа од 9 до 5, ангажирај се во паметна, динамична, флексибилна работа.
6. Кје се вратиш во школо: ангажирај се во перманентно образование.
7. Кје функционираш како ензим: не работи само за пазарот, покрени некој други видови на друштвена соработка.
8. Кје умреш сиромав: врати го твоето богатство на оние кој им е потребно.
9. Кје бидеш држава: компаниите треба да бидат во блиска соработка со самата држава.
Либералните комунисти се прагматични, тие мразат доктриран пристап. Денеска нема експлоатирана работничка класа, денеска има конкретни проблеми кој треба да се решат: глад во Африка, насилието на исламиските фундаменталисти…Кога кје дојде до хуманитарна криза во Африка, тоагш се применува глобалната реториката за ”неправдите во светот” (либералните комунисти сакаат кризи: тогаш го вадат својот најголем капацитет) неместо впуштање против анти – империјалистичка реторика.
И сега да поентирам:
Не треба да гаиме никакви илузии: либералните комунисти се против секакви прави прогресивни борби во денешнинава. Сите други непријатели – религијски фундаментализми, терористи, корумпирана и неефикасна бирократија – зависат единствено од локалните интереси. Баш затоа што сакаат да се разрешат овие секундарни неисправности на глобалниот систем. Можеби е добро да се влезе во “шема” со Либералните комунисти за борба против расизмот, сексизмот, религијскиот опскурантизам, но важно е да се знае што тие наумиле.
Истиот Soros, кој денеска дава огромни милиони за образованието – уништил илјадници човечки животи со неговите ”свесни” манипулации и реторики, и на тој начин ја зголемил нетолеранцијата кој денес ја осудува.
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Добра анализа, иако имам неколку спорни моменти, гледам Ненад ги зачнал дел од нив…
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
и би додал дека (Нешкова, дај бе логирај се:)), пред извесно време и ти сам пишуваше нешто во врска со системот – Што е систем или Дали може надвор од системот?, така?
Трансцедетална состојба на колективните маси и нивната целокупна реалност. Тоа е систем – барем така јас мислам.
Инаку, секако дека ова не’ треба да се земе здраво за готово (овие мој два коментара): aj да видиме до каде ќе оди сивата маса?.
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
И секако, би било фино од Караџа Бошко да “попиеме” една анализа, ако сака и ако го прочита коментаров, што е тоа Тоталитаризам а што Капитализам и дали има нешто повеќе од тоа.
Дали има нешто повеќе од Демократија или може пак истата оди рака-под-рака со Тоталитаризам.
или евентуално Гулаг или Блајбург.
Опасни теми, се надевам дека нема да ме разберите погрешно. Инаку, јас итимно сите би ве пратил на Голи оток.
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
џаман,
не мислиш дека кај нас погрешно се разбираат термините `националист` и `патриот` па и се поистоветуваат најчесто. у суштина и се сведуваат на комерцијализција, а големиот брат одлично има научено дека треба да се работи на надеж – надеж како психолошка есенција на политката: дека работите ЌЕ се сменат кон подобро.
незнам, патриотизмот служи како оправдување за полит. одлуки и употреба на нејзината моќ, а мене тоа ме плаши.
бтњ, денес С.Палин имаше прилично нетактична изјава дека би влегла во војна со Русија ако Грузија била членка на нато. хаха.
и на крај ко да имам чувство дека `се се сведува на борба на поединци, на прсти да ги изброиш.
одлична анализа,
а за коментаров имај на ум дека пишува некој тотално неупатен у политика…
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
џаман,

со секој нов текст се` повеќе ме насмеваш од срце…
алал да ти е…
за америка:
треба да се знае дека таа е повеќе сексистичка отколку расистичка земја… обама успеа да ја зготви приказната за промени, и да ја подготви нацијата за тоа, но тоа може да му се врати како бумеранг, зашто лесно може да се случи за американците вистинскиот предизвик за промени, и веројатно поприфатлив „експеримент“ да биде сара палин, отколку самиот обама, кој веќе се перципира како амбициозен вербалист и опортунист, и доколку не успее да го намали тој впечаток, не му се пишува добро, покрај фактот што е афроамериканец, со „атеистичко“ убедување…
за груевски:
не дека не прави грешки, но во моментов, каков било план е подобар од немањето план… опозицијата го нема, освен „гола промена на власта“ и сака да ги убеди сите дека штом тие ќе се вратат на власт автоматски се` ќе биде подобро… нивните ветувања се: повторно ќе има сонце, воздух, вода… работи кои ќе ги има и без нив и без груевски… се` додека не покажат способност за чесни резултати кои се согледливи, нема да се вратат на власт, за (нивна) жал…
груевски, по се` изгледа добро ја сфатил поентата на бранислав саркањац, во „македонскиот катехрезис“ каде се заговара прифаќање на сите форми и методи, на сите премиси, на сиот арсенал од идеи, за да се дојде до одредена цел, промена на системот и сл., иако не одговараат на политичко- идеолошката матрица… а сега токму тоа се случува, и освен стравот од тоа, во опозицијата никогаш ништо друго и не сфатија, (освен можеби дворското правење/ водење политика), па сега груевски им шутира пенали секаде каде може, секое нивно ветување испорачувајќи го уште следното утро… ако сакаат да го спречат, треба да престанат да му даваат идеи, зашто покрај сопствената програма, која со воодушевувачка упорност и ефикасност ја спроведува, им ги избива сите други адути од раце, оставајќи им ја само идеолошката борба, во која повторно изгледаат бедно и смешно, наспроти ефективниот прагматизам, социјална политика и државен интервенционизам, амортизирајќи го најчестиот мотив за промена на власта: „а што направила државата (идиотски истоветувајќи ја власта со државата!) за нас?“…
се` додека има резултати, и се` додека функционира ова, нема за нив некоја надеж, и единствено на што можат да се надеваат е времето (кое повторно оди во прилог на груевски), или на предизвикување (или увезување) некоја криза, но за тоа ќе им треба амин и од „горе“, а во догледно време и тоа нема да се случи…
им преостанува само да се свртат кон себе, и да работат на тоа да го пронајдат тој квалитет на кои толку се гордеат и да му дадат да дише и да донесува одлуки, ако воопшто го имаат и ако воопшто го можат тоа…
секој друг избор, се чини, за нив е погубен, наспроти вирулентноста и жилавоста на груевски да продуцира постојано една состојба на активизам и активност кои тие ни оддалеку не можат (и не сакаат!) да ја следат…
се` што води кон општо добро, го поддржувам!
поздрав…
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
А намерно ради уметнички ефект ја нарекуваш Палин кога госпоѓата се презива Пејлин.
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Ненаде има поента која е вредна за расправа .. има и дисперзија ..
.. Жижек може така убаво да расветли .. он е класа во споредба со нашите маленкости .. но ниту тој нема употребливо, функционално и широко решение за општествените ил политичките проблеми и прашања .. за чоекот у заедница .. сепак тој може убаво да живее од професорска плата за разлика од мене .. само како констатација ..
.. овие прашања како да немаат решение .. се поместуваат, расветлуваат и затемнуваат, пловат низ времето како пловечки курсеви на валутите .. има разлика меѓу природни и општествени науки .. H2+O=H2O сега, пред 2000 години и за 2000 години .. додека она другото е пред се чоекот .. Сорос ги чепна овие работи откога му влегоа клизечи едни безобразни и брутални неоконзервативци .. да нивоата на манипулација .. чоекот .. и ако Сорос е интелектуално коректен и искрен кога го става прашањето на маса, ткака Роув е реалполитик коректен и искрен .. тоа е тоа .. Ненаде ова се прашања за елитите, интелектуални ко Жижек, либерални ко Сосрос, конзервативни ко Роув .. јбг и ја и ти сме елита
.. блог елита .. оти чепкаме у доктрина, оти раправаме за концепт .. сите работиме на емоција, на некој мозочен коктел ама ако ја пропуштиш емоцијата низ чудуна-матата од објект на манипулација стануваш манипулатор ..
.. муабети колку сакаш .. а може сето се влече уште од добронамерните елите, ај така да ги речам, фабијанците .. па после LSE .. се до денешниот Сорос ..
ај доста е .. поздрав!
Источна, Палинка е висок политички чиновник .. ништо повеќе .. да не очекуваме нешо паметно да каже .. употребната вредност и е во симболичката ролја шо треба да ја одигра .. сега за сега добро се држи ..
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Лекторот, да
Презвитеркозма, за да се задржи или освои влста не треба да се има некој си поголем општествен план .. доволен е план за власт .. опозицијата таков има .. само не функционира, баш ..
.. општо добро .. па секако ќе треба подигање на нивото на играта .. следно ниво ко у игриците, ако те тепаат цело време на исто место не те бива за таа игрица .. лошото е шо во овие игрици се игра со живи луѓе .. ја не би анализирал апла политички .. секоаш помешано со нешо друго .. а може само го цинкам Милчин у централата
.. туку го нема Грујо да прати то бинлачето со вино
.. Козма сами ако не си учиниме ништо нема .. поздрав!
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Џаман, теззок си претеззок – како оној шо ти ѕирка на сликиццкана – за ццитање.
Симни трегерите, олабави малку каишот, и ние обиццниве смртници да науцциме нешто! Не си на работа!
А овија шо ти го прават киселиот, демек коментираат, као разбрале нешто!
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Знаете шо ПРВО напраила новата власта во поранешната ДДР по обединувањето 1990?
Им дала отказ на
1.сите професори на факултетите по хуманитарни науки плус
2. сите новинари.
Поздрав
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
џаман, што ќе (си) направи човек сам, никој не може да му направи…
неопходно е да се компарираат или контрастираат нештата интердисциплинарно, но не треба да се губи предвид и конкретниот политички момент, а тој е додека „едните ја проучуваат реалноста другите ќе дејствуваме повторно, креирајќи некои нови реалности, кои ти можеш исто така да ги проучуваш, и на тој начин ќе се одвиваат работите. Ние сме креатори на историјата .. а ти, сите вие, ќе останете да проучувате што ние правиме.““
јас верувам дека и опозицијата може подобро, и дека груевски може подобро… само треба да се сака…
како што вели источна: „кој сака, бара начин. кој не сака бара изговор (оправдување).“
целта е општо добро, мислам дека се согласуваме…
сите имаме корист од силна опозиција, како контрола на неодговорна власт, и сите имаме корист од ефективна и исполнителна власт…
поздрав…
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Палин ја нарекува поради тоа што Алкалоид ми е спонзор а не Џорџ Сорос
Но се пак шала на страна, супер е текстов посебно она со сељачиња од пред кооперација и јапи фраерчиња. Но имам 2 прашања:
1. Ако Груевски во куферот од конвенцијата на Мекејн имал кукла од Пејлин (Палин) што имал во куферот Милошевски од кај Обама?
2. Иако покрај својата популарност и прогресивност либерал левицата (Либерал комунизот како најлева либерална форма) секогаш води и се има впечаток дека ќе биде следното ново општествено уредување како замена за либерал демократијата секогаш губи во клучните моменти од десницата? Ова премногу често се случува за да биде случајно…
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Козма, немам што да додадам ил одземам
Шехерезада, не сум тежок ниту претежок .. изгледа проблемот ќе да е оти има многу од перолесна категорија
.. и погоди добра поента ..
.. оние учените кои требаше да ги аплицираат либералните и економски вредности во општеството во кои сите се колнат, леви и десни, ги прокоцкаа годините и парите шо се слеваа .. баш ко шо велиш .. луѓе по универзитетите, професори, невладини, разни институти, новинари, стопанственици,партии .. таканаречени елити .. се усраа у гаќи и сеа Грујо им бил крив .. и точно е оти Грујо си игра со опасни работи .. јбг може на сите утре тоа ќе ни се удри од глава .. ама нема враќање назад .. не може да ги корнат зраците од сонцето од штитот на Александар .. не може да ги откорнат зраците и да налепат нов амблем без притоа штитот сите да не поклопи .. тоа е себична ендгејм игра .. не оди така .. штитот ќе се одложи на земја коа ќе блесне некој поубав у нашата околина .. проветрувањето ќе да е неопходно .. ова што денес го гледаме се несакани последици од манипулациите кои се тркалаа 15 години .. слично е со Америка .. фините долгогодишни манипулации си донесоа сомнеж кај малиот човек дека тие се подобри од онаа сирова манипулација .. ајде кој е паметен нека мери и премерува .. нивоата, спуштени или подигнати, се тие и таму ќе биде битката .. да ја почекаме да се појави македонката со револвери
..
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Стефус-Рефус, Милошоски е прв дипломат и обично најдобрите дипломати се праќаат кај налутиот противник .. може ги здиплил драфтовите од исфрлените говори на Обама
..
.. нешо од учебници .. левицата обично се движи по хоризонтала, во ширина .. додека десницата е по вертикала .. вера ако сакаш .. затоа обично таа ги диктира нивоата .. лошото е ако таа стане милитантна без да ја има либералната широчина во земјата како противтежа .. и тезата се потврдува со тоа што кога левицата е милитантна обично има во себе јака вертикала – Сталин ко пример .. иако во сите овие школски објаснувања треба да се внимава на прашањето со јајцето и кокошката .. обично надворешните и притисоците од оклината ја диктираат насоката ..
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
Ја лесниот вака разбрав.
МПЦ шо поскоро да почне со јавни слуззби на Треска и Бабуна. Да се моли народот на Паско Кузман цицки да му пораснат (долги руси коси има) и да најде веке еден штит од поубавите.
Друго чаре нема на видикот.
септември 3rd, 2010 at 5:24 pm
тешки -лесни .. неумесно од моја страна .. се извинувам .. суетата чоечка ми проработела .. уште еднаш се извинувам ..
.. ха ха .. наистина Паско Кузман е патник низ времето .. дури има и часовници на рака .. само и да му пораснат цицки ќе го нема шармот .. брррр
.. тој нека го пронајде штитот на Филип, а потоа штитот ќе биде мајата за цицките на предодредената македонка да ги видиме и почувствуваме ко свои најмили .. нормално, со револвер и кама на појасот .. а МПЦ нека се спушти малку на земја .. во народната нива .. толку метафизички се индустријализираа шо ми се чини оти најмалку неколку години ќе треба буквално со селанецот да ораат по нивите за да може воопшто понекој сноп вистина да жнеат ..
.. делењето ум без пари е лесна работа .. ко сеа овде ја шо се праам паметен .. само си имаа таа работа своја цена .. понекогаш несакана ставка во мрсната фактура .. како оние со ситни букви во договорите за земање кредит .. малиот чоек не ги сака тие заврзлами .. поентата на записот може и така да се толкува .. не помага сега лелекање и викање фаул .. сите тие лелекачи имаат удел во актуелната состојба, како за појавата и дејствувањето на Грујо така и за Буш и сега Палин .. ме иритираат тие крокодилски солзи без пристојна искреност и доблест да се понуди некој концепт за решение ..
јуни 30th, 2010 at 11:19 pm
[...] рефлексивност на полето на економијата. Но веќе пишував нешто за тоа, па да се послужам. Од поперовото отворено општество [...]
јуни 30th, 2010 at 11:41 pm
Квалитетен текст и сега уште повеќе имам одбивност кон т.н. либерали
Единствена забелешка ми е поделба на банкарчиња и баџовци, мислам дека тој филм се фураше во 90-тите btw и тоа им одзема доста гласови на сегашниве опозиционери, таа поделба на некакви си елитисти и простаци. Сега малку работите се подизменија и затоа на митингот на БЦ ја гледаме стечајката (веројатно БЦ после поздравувањето со неа ги мие рацете 3 пати) гледаме некои луѓе кои не се баш банкарчиња. Невр мајнд да не забегуваме со дневна политика, добар текст. Да живее Александар
јули 1st, 2010 at 4:30 pm
[...] рефлексивност на полето на економијата. Но веќе пишував нешто за тоа, па да се послужам. Од поперовото отворено општество [...]
јули 1st, 2010 at 4:32 pm
[...] рефлексивност на полето на економијата. Но веќе пишував нешто за тоа, па да се послужам. Од поперовото отворено општество [...]