Ќе ми простите што во последнава недела не ја чувствувам љубовта помеѓу мене и моето пишување. Некој ситематски ја черечи љубовта, а многумина несвесно помагаат во тоа.
Најнапред кус дисензус.
Секој, буквално секој, формализиран систем на власт што било кога постоел, постои, и ќе постои, е наполно способен да спроведе масовни убиства, класно потлачување и режимска репресија. Сепак наместо опозициона поставеност преферирам депозициона поставеност. Зошто? Воглавно, поради многу едноставна причина. Исходиштето на “Патот од добри намери“ не е монопол единствено на власта. И смисловно ќе застанам на второто зошто?. Наспроти она што јавно се случува на општествено политички терен изразено преку доминантните прецепции, било домашен, било меѓународен, далеку поинетерсни за умот ми се политиката на дисензус и комуналната деполитизација како системски одговор.
О да, реакцијата на колумната на Венко Андоновски беше значителна. Се обидов со депозиција на дискурсната контрапоставеност на Венко и атеистите да внесам изместување со стимулација. Затоа што тоа го сметам за за примерен одговор на нерелевантно и неполезно дебатирање на зададена тема. На црно белата +- слика не постои нијанса сиво која може да го дофати CMYK колорирањето на сликата од стварноста, повеќе од тоа ќе биде прекомплексно за општ. пол. засликување. Овие мои искокнувања од линеарната контрапоставеност можеби некому му делуваат радикални или како испади на чудак, и сигурно се восприемаат како неделотворни и странични. Сепак, тоа е патот по кој врвам.
Да направам нова паралела на атеист – теист дискусијата преку движењата „Окупирај го Вол Стрит“ и “Чајанка“.
Разбирлива е потребата да се каже кои се прашањата кон кои се обраќа движењето, за што се залага и против кои работи е движењето, кои се културните и општествените модели од каде црпи сила движењето, но чуму потребата од вкрстување на ракавиците на овие две американски политички движења? Причината е што во двополниот американски политички систем од Демократи / Републиканци овие движења се огромен резервоар на незадоволни граѓани / гласачи, потентна политичка сила која треба да се поларизира / контрапостави една наспроти друга за зачувување на униформната двополност. Двополноста во прагмата е синоним за политичка управливост и извесност.
Прашањата од типот атеист – теист се ефемерен фактор за пол.општ. систем, како и редица други насила наметнати теми во јавниот дискурс, освен во делот како моќни идентитетски меметски слики погодни за манипулација со цел политичка мобилизација и затрлување. Му благодарам на Венко Андоновски за колумната во која со неговата симболичката несоодветност и појмовна недореченост успеа да испровоцира силна реакција која ја разоткрива слабоста кај самопрепознаените македонски прогресивци.
Монструозните убиства кај Смиљковското езеро претставуваат пролетно орање на македонската конститутивна нива со цел засадување на некоја генетски модификувана биљка, неприродна и непосакувана од граѓаните. Целта е да се делува на некој домашен системски агенс, притисок и модификација на одреден фактор, за добивање креација како оние од островот на докторот Моро. Она што практично се случи со егзекуцијата на петмината невини е отштекување на стандардниот холограм и негова времена замена со хорорграм. Со отштекувањето беше прекината OODA јамката со која власта ја стегаше свиснатата опозициска глава во нејзините обиди политички да се крене од полумртвилото во кое долго егзистира. И додека власта го рестартира својот надграден холограм со чистката во сопствените редови (ко да ни треба таков старонов холограм), а Стево Пендаровски се зафати со реанимација на полумртвата опозиција (му падна кусата сламка за опозициона нафака), неочекувана виталност по прикажувањето на хорорграмот покажа балканскиот албански фактор. Доза надменост и патернализам, кеш и химера, добредојде на “наш“-иот остров Претседателе.
Денешното електронско издание на Нова Македонија го содржи одличниот текст на Дарко Јаневски. Написот е концизен во опфатот, одмерен во говорот, прецизен во поентите. Го пренесувам во целост (со линк, нека прости Нова Македонија).
По петкратното убиство кај Смиљковци, сите побрзаа со барање да не шират шпекулации за наводната етничка димензија на злосторството. Истото го побара и Руфи Османи од Гостивар, кој порача дека е потребно настанот да се третира како цивилен, а не етнички криминал. Иако и барањето на Османи претставува однапред фрлање прашина в очи (што ако се покаже дека вистинската димензија на убиството навистина имала етнички мотиви), ваквите пораки можат целосно да се оправдаат. Во запалива атмосфера доволно е и многу помалку за да се предизвикаат крвави конфликти меѓу Македонците и Албанците. Веројатно не случајно, дента по убиството, на секој час низ Скопје се ширеа гласини за нови убиства, најпрвин на едно лице во населбата Бутел, па потоа на друго во еден од автобусите на ЈСП.
Сето тоа требаше да го зголеми бесот кај Македонците, а потоа, којзнае што сѐ можеше да се случи.
Една од претпоставките за случајот води токму кон тоа: дека целта на злосторството е да се предизвика неконтролиран меѓунационален конфликт во кој на убиството на деца би се возвратило со иста мера. Не треба многу да се мудрува за да се заклучи дека потоа лесно би се добила слика на Скопје во крв до колена и на етничко чистење на цели делови од главниот град. Како низа би следувале Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар. Од таков развој на настаните, до седница на Советот за безбедност на ОН на која би се донела некаква резолуција за „ФИРОМ“, која нема премногу да ни се допадне и која би имала свои рефлексии и на соседните држави, вклучувајќи го тука и спорот за името со Грција, патот е и премногу кус.
Но, од друга страна, се чини дека во ваква ситуација, медиумите како најекспонирани во можното ширење шпекулации за етничката димензија на злосторството, се најмал проблем. Многу поголем е уверувањето кај Македонците дека зад убиството сосема сигурно стојат Албанци. Како што на другата, албанска страна, веќе со години се гради гранитно уверување дека дури и кога има невреме на Шар Планина, не пак нешто посериозно, за тоа се виновни Македонците и нивната желба да ги тероризираат кутрите и мирни жители на државата од албанска националност.
Некаде во втората половина на осумдесеттите години на минатиот век, еден постар српски селанец на Косово беше пронајден во бессознание откако претходно му било раскинато дебелото црево со поширокиот дел од пивско шише. Сторителите никогаш не беа пронајдени, но никој жив на овој свет не можеше да ги убеди Србите дека зад насилниот криминал не стојат Албанци, кои со тоа испраќаат порака до Србите да си заминат од Косово. Како што никој жив не можеше да ги убеди Албанците дека тоа е српска ујдурма направена со цел да им се скусат нивните покраински права. Приближно половина деценија подоцна, во време на крвавите настани во БиХ, на сараевскиот пазар Маркале експлодираа гранати, кои убија 68 лица. За Босанците тоа беше злосторство извршено од Србите, за овие вторите тоа беше подметнување од службите на босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ со цел да се испровоцира меѓународна реакција против Босанските Срби, но и против Белград.
И во двата случаи, по извесно време, вистината веќе не ни беше битна. Ниту за Србите, ниту за Албанците, ниту пак за Босанците, а уште помалку за „светата“ меѓународна заедница, која во меѓувреме и на двете полиња го постигна тоа што го сакаше. Во секој случај, и при двата настани, спротивните страни се држеа до својата пропаганда, која на крајот резултираше со таков степен на омраза меѓу Србите и Албанците, односно Србите и босанските муслимани, што не беше возможно поинакво решавање на нивниот конфликт освен со војна во која најпрвин се вадеше ножот, а дури подоцна се поставуваше прашање. Точно е дека во сето тоа медиумската пропаганда ја имаше една од клучните улоги, но исто така е точно дека и во двата случаи вистината никогаш не беше релевантно утврдена што беше основа за сѐ што подоцна се случуваше.
Сегашната македонска власт ни оддалеку нема сличности со Милошевиќ, Изетбеговиќ или со косовските лидери на Албанците. Но, во нашиот случај, на полицијата ќе и треба време за да ги комплетира сознанијата. И битно е во тоа меѓувреме да не се случи нешто што и петкратното убиство ќе го фрли во сенка. Сепак, ова е трка со времето, зашто ако виновниците за злосторството не бидат откриени во разумен период, тогаш никакви воздржувања од шпекулации ниту ќе помогнат, ниту воопшто ќе бидат можни. Македонците направија стратегиска грешка во односот кон Албанците од државата во првата половина од деведесеттите години од минатиот век. Сега, понесени на крилјата од наводната победа во 2001 година, веќе цела деценија, истата грешка ја прават и самите Албанци. Според сите политички извори што им се на располагање на медиумите, Али Ахмети е еден од најконструктивните албански политичари во последните години, но и тој очигледно нема доволна почит кон државата што му го прости кривичното гонење за нешто што никаде во светот не се простува, за да го истакне нејзиното знаме во канцеларијата во која разговараше со американскиот амбасадор Пол Волерс, ден по убиството кај Смиљковци (настрана прашањето, зошто Волерс потрча кај Ахмети, а не на пример кај Груевски или кај Иванов). Ваков путер на главата, кај Мендух Тачи, Руфи Османи и кај другите албански пулени во Македонија има колку што може да се посака.
Се разбира, сето тоа ни оддалеку нема доволен капацитет за да ја „запали државата“. Искуството покажува дека на Балканот такви посериозни нешта секогаш се случуваат со помош на странски служби, кои се непријателски расположени кон одредена држава или, во најмала рака, играат двојна улога – најпрвин потпалуваат, па потоа ја продаваат својата љубов како рака што спасува. Но таа странска улога може да успее само доколку има плодна почва, а кај нас тоа е една од ретките работи што не ни недостига.
За да се спречат сите такви сценарија, доволно е да се откријат сите детали на злосторството, вклучувајќи ги тука и имињата на нарачателите. И ништо од сето тоа не смее да остане тајна за јавноста, па макар трагите воделе и до најтемните кабинети на Земјината топка. Само така, колку-толку би била задоволена правдата, но и, што е уште побитно, би се спречило во иднина страдањето на некои други деца.
———-
Малку коментар. Иако наликува на аналитичка техникалија сепак мислам дека е важно да се направи разлучување во нарачателите и инспираторите, опишано како во записот Шпекулирам. Затоа што истрагата можеби ќе доведе до откривање на алка ил две од нарачателите, но заради преголемата опасност политичките елити безмалку никогаш со истрагата и јавниот настап нема да одат до крајот на ланецот каде се наоѓаат покренувачките инспиратори. Објективно, од нив, не очекувам такво нешто. И нема потреба, засега. Но тоа нема да го сторат ниту најголемиот дел од системските релевантни фактори, како новинари, аналитичари, професори. Системски учипените ќе молчат. Оние со три педи морална вертикала ќе го принесат мислењето во свилени ракавици, тук-таму. Оние од типот на Ѓеро ниту ги анализирам, секогаш биле минусинфо.
За доловување на психолошкиот ефект кој нарачателот сакал да го постигне со Смиљковци го нудам видеото со песната ”Die Moritat von Mackie Messer” од Петпари Операта на Бертолт Брехт.
Ајкулата има остри заби кои сите ги гледаат, но монструмите од езерцето никој не знае кога пак ќе ги пуштат од ланец. Фронталниот кортекс нема предност пред реакцијата од рефлексните дразби на лимбичкиот систем, нема популација која колективно успеала да ги скроти овие моќни биолошки ситеми на реакција. Сепак треба да се забележи дека, како Македонците, така и Албанците, зборувам за обичните граѓани, покажаа голема отпорност на овие надворешно силни дразбени притисоци.
Лесна им земја на мучки убиените. Нека почиваат во мир. Сочувство до нивните семејства и блиски.
Кога министерката за внатрешни работи заедно со амабасадорот на САД во нашата земја Волерс се на иста линија во повикот да нема шпекулации и да им оставиме на службите, веројатно мислат на тајните служби и Циашите, да го истераат случајот, тогаш неопходно е малку контрапоставеност преку шпекулации. Обично не сакам да шпекулирам, ама во моментот сакам шпекулации. И не со цел подгревање на тензии, напротив, токму сакам да ги оладам тензиите, доколку такво нешто е воопшто можно.
Инаку ако не знаеле, Волерс заедно со неговиот балканско хероински загар Ахмети, и министерката на МВР, попозната како Гоца бркот, плоден амбиент за шпекулации е токму неоткриениот мотив на ова монструозно злодело кај Смилковското езеро. Макар изнесен преку можни официјални опции и нивна веројатност. Вистината ослободува, господа.
Шпекулацијава е мое лично мислење, како обичен човек што сака малку да чита и проанализира. Најпрво го делам мислењето со многумина дека убиството на момчињата од Радишани го имаат сторено професионални убијци. Генерално од она што досега излезе во јавноста упатува на таа можност како најверојатна. А кај професионалните убиства има инспиратор, нарачател и извршител. Националната припадност на извршителите е небитна, иако најверојатно се Албанци, најмалку како јатаци и локални водичи на теренот. На тој простор од само неколку километри се имаат случено раштански лозја, љуботенско бачило, акцијата во Љуботен за која беа единствените од Македонија во Хаг, и сега оваа петкратно злосторство. Изгледа како фамилијарен простор каде оперираат тајни служби и убијци.
За мене многу поважно за разбирањето, со тоа и до вистината, е прашањето кој е инспираторот на ова злодело. Нарачател се обично агенти и шефови на тајни служби или капо мафиози. Додека извршители се профи убијци кои веројатно имаат убивано и претходно, на ист или сличен начин. Знаете, оние од стотиците американски филмови, немилосрдни фрикови, за кои им се чудам на сценаристите како доаѓаат до инспирација. И за разлика од нив мене не ме интересира таа темна психолошка страна на овие монструозни суштества.
Ова е скорешен напис на Вилијам Енгдал каде го дефинира Косово како мафијашка држава на НАТО и геостратешката политика на Америка. Еве уште еден линк каде тема е расцепот од пред пар години на интересите на германската тајна служба БНД со американската ЦИА во длабокото херионско грло на косовската државност.
Покрај волку тајни служби и интереси на овој мал балкански простор не зачудува тешкотијата да се пронајде нарачателот на ова злодело.
Проектот Илирида секако постои како поклопувачки интерес, национално територијален на Албанците, и геостратешки на Америка, до неодамна и на Германија која можеби во дел сигурно има нешто ревидирано, со цел контрола на енергетските коридори и трговијата со дрога како кеш пара со која се храната тајните служби и ликвидноста на глобалните банки. Изгуглајте “Волерс“ за слики и на првите неколку секаде е Ахмети, а го има и она типче Груби кој изјавуваше пред да стане пратеник дека Скопје е една од трите историски албански престолнини.
Можеби детонатор има нарушено дел од шферц трасата, со акцијата се смени полицијата на двата од трите гранични премини во Источна Македонија, па вака се враќа со порака, колку да прошпекулирам вон јасниот мотив за етнодестабилизацијата на Македонија.
Мене ми е симптоматичен оној верски момент кој се провлекува веќе месеци наназад од почетокот на овие теренски обработки на Македонија. Паметите како дури после месец и кусур дена од Вевчанскиот карневал излегоа протестите во Струга со муслимански знамиња и палежи на цркви. Фазно задоцнување имаше и со пронаоѓање на една снимка од наши идиоти, православни фундаменталисти, која беше пласирана во моментите на случките со тепачките по автобуси. Сега убиства на Велигден. И сето тоа по намерно неуспешниот попис, каде Албанците под огромен знак прашалник можеби се до 25 %, но процентот на муслиманите од 35-36% ретко е оспоруван од некого.
Мислам оти Грујо и Гоца бркот погрешно изиграа со пристапот кон овој грозоморен чин, покажаа дека се оделија од обичниот човек, па не е ова прашање за увалување стандардна пропагандна патка. Одлучија да играат горе, не помеѓу народ, без вистината, и тоа може да им се удри јако од глава. За нив и не ми е грижа, нека кршат глава. Народот повторно е оставен сам на себе. Впрочем, кога и не бил.
“Get a bicycle. You will not regret it, if you live.” - Mark Twain
Ајде градски фаци, време е за револуција. Но не онаа од типот на арапска пролет, ниту твитер револуција, ниту онаа историска на гладните стомаци. Време е за велосипед револуција!!!
Едно од прашањата кои може да покренат истинска револуција е токму велосипедот. Точакот е права револуција. Автомобилот е странпатица за човекот. И доколку Ви се чини дека прашањето е дали ќе избереме автомобил или велосипед, залудно, ние го немаме тој луксуз. Велосипедот е императив. Или автомобилот или ние.
Можеби треба да разврзам тука со економско трошковната логика за предноста на точакот пред автомобилот, ама ова е револуционерен запис и мора да биде напишан во еден единствен здив. Накратко, еден солиден велосипед чини колку една годишна регистрација за автомобилот, и толку. Автомобилот го храни чудовиштето од систем, буџетот, трговскиот дефицит, мерачот на „Скопје Дише“, фрустрацијата у 4 саат напладне, воените интервенции по арапските песочишта, итн. Наспроти тоа велосипедот го храни вашиот апетит, ритамот на кардиоваскуларниот систем, личниот буџет, доброто расположение, социјалната вклученост, здравиот разум, итн, итн, итн.
Ако се прашувате што е толку форава со велосипедот, тогаш низ пар примери до разбирањето. На пример Фрчко е очебиен пример за тоа како со велосипедската одвоеност и преминување на автомобилска култура се губи човечкото. Додека имаше штипки на ногавиците и тераше велосипед Фрчко беше најнормална прогресивна градска фаца. Злите јазици и системски пропагатори се потсмеваа со оваа фактосостојба, но јас исклучително го ценев тој податок дека Фрле одел на работа со точак. Но кога таа состојба се промени се промени и човекот, тој се претвори во системски монструм. И остајте тоа што Грујо или Коце Прај Трајановски ги фатиле наместените објективи како возат велосипед. Па тие имаат повеќе фотки на велосипед отколку поминати километри со точак. Тоа е политички маркетинг со цел да се прикажат блиски до обичниот човек, или човекот на велосипед. А тие се системски луѓе, корпоративни луѓе, секојденвно се во Мерцедес или Џип, со симболите на моќта.
Потоа, дали сте се запрашале за контрапоставената улога на жената во современието наспроти велосипедот? Не. Доволен е примерот со шипката. Во минатото женска на шипка од велосипед се врзуваше со романтика, денес жените се качуваат на поинакви шипки. Машкиот фактор е далеку понемоќен во спроведувањето на велосипед револуцијата. Единствено женскиот фактор може да ја поттикне и покрене во старт оваа неопходна револуција. Наместо сексуљавото бесење по вертикалните шипки и наметнатата желба за качување во бесна кола, изборот, без разлика дали сте маж или жена, колективно, мора да се преобрати со разбирање дека седнувањето на велосипедската шипка кај љубениот, или уште поарно, паралелното возење на велосипеди, е начинот до истинска револуција и очовекување на современиот човек. Муабетот ми е, кога најубавите и најзгодните девојки би се интересирале за момци со велосипед, а оние со автомобил би биле глат откачени, се би се променило.